Реал Мадрид денес го пречекува Гетафе во рамките на Примера, но „кралевите“ сигурно веќе со мислите се во Париз каде ги чека дуел со ПСЖ во Лигата на шампиони.
Зинедин Зидан најверојатно нема да може да смета на Лука Модриќ и Тони Крос во реваншот, но затоа Марсело е целосно подготвен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот пред две недели доживеа повреда, беше под голем знак прашалник за гостувањето во Париз, но денеска ќе конкурира за составот и сигурно е дека ќе биде стартер и на „Паркот на принцовите“.
Притоа, Зидан изрази жалење што на реваншот во Париз нема да игра Нејмар поради повреда.
„Искрено жалам за Нејмар, но ПСЖ има добар тим и без него. Не знам дали ќе ни биде полесно без Нејмар, но знам дека фудбалерот кој што ќе го замени сигурно е светска класа“, заклучи Зидан.