Дома Топ вести Сусо открива: Во летото го одбив Интер, среќен сум во Милан

Сусо открива: Во летото го одбив Интер, среќен сум во Милан

Само еден ден пред големото миланско дерби помеѓу Милан и Интер, ѕвездата на „росонерите“, Сусо додатно ја загреа атмосферата.

Имено, шпанскиот офанзивен играч открива дека Спалети сакал да го доведе во Интер и дека „нероаѕурите“ испратиле конкретна понуда за него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Сусо веднаш ја одбил понудата и одлучи да го продолжи договорот со Милан.

„Минатото лето Интер испрати понуда до мене. Тогаш го сменив агентот и тие разговараа со него. Не знам како одговорил Милан на понудата, но јас имав јасна желба да останам и го продолжив договорот. Среќен сум во Милан, знам дека во фудбалот нема ништо вечно, но сакам што е можно подолго да останам во овој клуб“, откри Сусо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…