Дома Останати Кошарка Лестер Бо Мекејлеб е без клуб

Лестер Бо Мекејлеб е без клуб

mekejleb

Човекот кој македонската кошарка вечно ќе го памети, Лестер Бо Мекејлеб го раскина договорот со шпанскиот прволигаш Сарагоса.

Мекејлеб договорот со Сарагоса го раскина поради лични причини, а на девет натпревари во шпанското првенство просечно забележуваше по 11.9 поени, 3.7 асистенции и 2.7 скокови по натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бо кариерата во Европа ја започна во Мерсин од каде што в 2009 година премина во Партизан каде што освои АБА лигата и Суперлигата и играше Фајнал фор во Евролигата. Подоцна го носеше дресот на Монтепаски од Сиена, Фенербахче, Баерн, Лимож и Гран Канари, пред да пристигне во Сарагоса.

Македонија секогаш ќе го памети по Европското првенство во Литванија во 2011 година каде што беше лидер на генерацијата која заврши на високото четврто место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Далас обезбеди полуфинале

Кошаркарите на Денвер обезбедија пласман во полуфиналето на Западната конференција во плеј…