Очекувањата беа големи, дури и шампионски, но… Тренерот на Рома, Еусебио Ди Франческо, кој важи за еден од најталентираните стратези на „Чизмата“, не направи исчекор во главниот град.
Дури може да се каже дека добива и преодна оценка, со оглед на тоа дека „Волчицата“ моментално се наоѓа на петтата позиција во италијанската Серија А.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите во италијанските медиуми, претседателот на клубот Џејмс Палот е незадоволен од учинокот на некогашниот стратег на Саусоло. Сериозно размислува да му врачи отказ и тоа сигурно ќе го направи ако клубот не се пласира во Лигата на шампионите.
Меѓутоа, на своја страна тренерот на Рома го има спортскиот директор на клубот Мончи. Шпанецот е убеден дека Ди Франческо работи одлично и дека покрај него можат да се гради тимот за во иднина.
Секако ќе биде интересно да се види што ќе се случи на Олимпико до крајот на сезоната. Моментално, Рома изгледа многу слабо.