Дома Фудбал Англија Мурињо незадоволен од раководството на клубот

Мурињо незадоволен од раководството на клубот

Жозе Мурињо е незадоволен од работата на раководството на Манчестер Јунајтед, пренсуваат англиските медиуми.

Португалецот е изнервиран од начинот на кој раководството се однесува при преговите за нови договори на некои фудбалери од клубот.

Менаџерите на Енрони Марсијал и Маркос Рохо започнаа преговори со клубот во декември, но се уште се чека понудата на „црвените ѓаволи“ за нови договори на двајцата фудбалери.

Договорите на Марсијал и Рохо истекуваат на крајот на следната сезона, клубот има опција за автоматско продолжување на договорите за уште една година, но Мурињо е загрижен за оддолжувањето.

Иднината на Хуан Мата, Андер Ерера, Лук Шоу, Ешли Јанг и Дејли Блинд се уште е неизвесна. Јунајтед ги искористи клаузулите во нивните договори, но играчите се уште немаат потпишано нови договори.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тадиќ одигра 84 минути, НЕК стигна до прв бод во Лига Европа

НЕК Најмеген ремизираше 1:1 со Левски Софија и го освои првиот бод, а Душан Тадиќ го напуш…