Раководството на Милна не губи време и веќе работи на трансферите за следната сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се силни заинтересирани за новиот „бисер“ на Динамо Загреб, Никола Моро.
19-годишниот играч за врска го привлече вниманието на многу европски гиганти, а веќе го нарекуваат „новиот Модриќ“.
Медиумите тврдат дека хрватскиот клуб веќе одбил понуда на Шахтјор Донецк од 12,5 милиони евра, а покрај Милан за него силен интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент, притоа е спремен да понуди 20 милиони евра за неговиот потпис.