Дома Фудбал Останато Париз на „нозе“- Нејмар против Марсеј, порано или подоцна секако ќе бил повреден!?

Париз на „нозе“- Нејмар против Марсеј, порано или подоцна секако ќе бил повреден!?

psg

Фудбалерите на Пари Сен Жермен на домашен терен го совлада Марсеј со 3:0, но сето тоа остана во сенка поради повредата на Нејмар кој мораше да го напушти теренот.

Нејмар на носилки беше изнесен од теренот после дуелот со еден од фудбалерите на противничкиот тим. После болните гримаси беше јасно дека се работи за потешка повреда и Унаи Емери ќе биде приморан на некое време да пронајде начин да игра без Бразилецот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во Париз се надеваат дека не е ништо сериозно и дека ќе биде спремен за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Француските медиуми пренесуваат дека играчот на Марсеј, Димитри Паје, неколку минути претходно му се заканил на Нејмар дека ќе го повреди.

„Кажете му на Нејмар да се смири или јас ќе морам да се погрижам за него“, наводно му се обратил Паје на главниот судија револтиран од честите барања на прекршок од Бразилецот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…