Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен во каталонското дерби ја декласираа Џирона со 6:1 во рамките на 25. коло од шпанската Ла Лига.
Барселона одигра одличен натпревар пред своите навивачи и очекувано стигна до нови три бода. Особено блескаа Лионел Меси и Луис Суарез кои постигнаа вкупно пет гола, додека еден беше ремек дело на Филипе Кутињо.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Импресивен беше учинокот на Суарез кој постигна хет-трик и запиша уште две асистенции. Уругваецот во финишот од натпреварот се обиде да добие жолт картон за да ги очисти картоните против Лас Палмас пред големото дерби со Атлетико Мадрид.
Суарез направи неколку бизарни прекршоци и намерно играше со рака за да добие жолт картон, но судијата на овој натпревар како да се заинаети и не сакаше да го „награди“ Уругваецот со јавна опомена. Па токму поради тоа, Суарез ќе мора да биде многу внимателен во следниот натпревар против Лас Палмас.
Luis Suárez trying to get a yellow card to avoid suspension for the La Liga clash with Atlético Madrid tops everything – even his hattrick today ?? pic.twitter.com/ZUzi068sw9
— Follow @UruguayanHeroes (@UruguayHeroes2) February 24, 2018