Дома Фудбал Зидан: Му се извинив на Себаљос

Зидан: Му се извинив на Себаљос

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека погрешил со одлуката да го пушти Себаљос само 30 секунди во игра на мечот со Леганес.

Францускиот стартег направи смена во 92-та минута при резултат 3:1 за „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Се почуствував лошо поради тоа. Многу ми е жал. Му се извинив на Себаљос. Тој знае дека не добива многу минути, но работи напорно. Не заборавам дека во првиот дел од сезоната постигна два гола против Алавес“, изјави Зидан.

„Горд сум на мојот тим. Покажавме карактер и постигнавме 26 гола на последните 6 меча. Сакаме да продолжиме во таков ритам. Секогаш ќе ги заштитувам моите фудбалери“, додаде Зизу, а потоа одговори зошто Бејл повеќе не е стартер.

„Герет секогаш ќе биде важен фудбалер. Полека влегува во форма, а тој е еден од најценетите фудбалери во тимот. Важно ми е да биде здав и сакам да го видам 100% спремен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …