Бразилецот Нејмар повторно ќе биде човекот за кого најмногу ќе се зборува ова лето.
Бразилецот долго време се поврзува со Реал Мадрид, а сега се појави нов кандидат. Иако постигна 28 гола во сите натпреварувања оваа сезона, Нејмар не е среќен. Му смета слабата лига, а и често е во конфликт со соиграчите. Реал сака да го спои со Роналдo по очајната сезона, а „Don Balon“ сега пренесува дека Нејмар сериозно размислува за Манчестер Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Имено, „Црвените ѓаволи“ имаат пеколен план. Во соработка со главниот спонзор „Chevrolet“ ќе направат се да го доведат одличниот играч на „Олд Трафорд“. Како што пишува споменатиот извор, познатиот произведувач на автомобили сака да се прошири на азискиот пазар, а во Нејмар го гледаат човекот кој ќе им помогне во нивните планови.
Инаку, Јунајтед од главниот спонзор годишно добива неверојатни 53 милиони фунти, што е најголемиот спонзорски договор во Англија.