Дома Фудбал Револуција во Премиер лигата: Скратен преодниот рок!

Револуција во Премиер лигата: Скратен преодниот рок!

Клубовите од англиската Премиер лига денес изгласаа да биде скратен летниот преоден рок!

Клубовите од Премиер лигата во летниот преоден рок ќе можат да купуваат играчи до 9-ти август, а после тоа ќе биде затворен периодот за ангажирање и регистрирање на нови фудбалери.

Како што пренесува „Би-Би-Си“ ова правило ќе важи за 72 клуба од најдобрите англиски лиги, но клубовите надвор од Премиер лигата ќе можат да доведуваат фудбалери до 31-ви август, но само на позајмица.

Исто така донесено е и правилото дека клубовите од март во протоколот за лигашките натпревари ќе мора да имаат барем 10 фудбалери кои биле регистрирани за претходниот меч.

На тој начин треба да се спречи евентуално местење натпревари и пуштање победа на екипите кои се борат за опстанок или пласман во повисок ранг на натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ниту 27 удари не беа доволни: Ференцварош без гол против Целје

Ференцварош и Целје одиграа 0-0 во Лигата на Европа. Домаќините имаа 27 удари, но Жан-Лук …