„Opta“ непосредно по натпреварод од осмина финалето во ЛШ на „Стемфорд Бриџ“ лансираше податок дека Серхио Бускетс сруши рекорд на Барселона во оваа сезона по бројот на додавања на еден натпревар.
Одличниот играч на Каталонците одигра 139 пасови кон своите соиграчи, од кои дури 128 беа успешни. Од каде се делеше топки можете да погледнете на приложената инфографика.
139 – Sergio Busquets attempted 139 passes against Chelsea (128 successful passes), more than any other Barcelona player in a game this season in all competitions. Masterful. pic.twitter.com/lvLO8Ifosm
— OptaJose (@OptaJose) February 20, 2018
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Инаку, Барселона вчера во западен Лондон имаше вкупно 868 додавања (778 успешни), а Челзи 333 (246 успешни). Меѓутоа, ниту овој податок, како ни двојно поголемиот посед на топката на Каталонците, не беа во нивна корист. Челзи беше подобар и поконкретен ривал и само благодарение на големиот кикс на одбраната на Челзи на 15. минути пред крајот, гостите успеаа да останат непоразени во Лондон.