Дома Фудбал ПОЛУВРЕМЕ: Две стативи на Вилијан за неколку минути – Челзи поблиску до предност!

ПОЛУВРЕМЕ: Две стативи на Вилијан за неколку минути – Челзи поблиску до предност!

Вечерва со почеток од 20:45 часот својот прв натпревар од 1/8 финалето го играа – Челзи против Барселно и Баерн Минхен против Бешикташ.

Секако најголемо внимание привлекуваше средбата на двата стари ривали Челзи и Барселона.

На стартот од средбата очекувано Барселона ја имаше топката во свој посед. Сепак, првата закана ја имаше Челзи. Азар успеа да се проби по десната страна, тргна кон голот, шутираше, но топката заврши покрај голот.

Само неколку моменти подоцна нова прилика за Челзи! Вилијан нафрли од корнер, Рудигер го доби воздушниот дуел со Пике и Умтити, но неговиот удар со глава не беше прецизен.

Барселона до посериозна прилика за погодок дојде во 17 минута кога Меси перфектно центрираше, а Паулињо шутираше со глава, но како и Рудигер и тој беше непрецизен.

Во 33 минута од средбата ја видовме и најголемата шанса и тоа пред голот на Тер Штеген. Вилијан успеа да си направи простор за удар, шутираше, а неговиот удар заврши во стативата.

На пет минути пред крајот Вилијан повторно ја погоди стативата од голот Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

26 удари, ниту еден гол: Јаблонец ја запре победничката серија на Брајтон

По шест победи во низа, Брајтон одигра 0-0 кај Јаблонец во Конференциската лига, а во фини…