Фудбалскиот сојуз на Англија нема да го казни напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро поради удирањето на навивачот на Виган.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Виган го елиминираше Манчестер Сити во 1/8 финалето, а после победата на третолигашот неколку навивачи успеаа да влезат на теренот со цел заедно со своите навивачи да ја прослават победата на својот тим.
Напаѓачот на Сити при таа прилика влезе во судир со навивачот на Виган. На снимката може да се види дека Аргентинецот е испровоциран, а англиските медиуми открија што толку го налутило Аргентинецот.
Имено, извори блиски на играчот тврдат дека навивачот го удрил Агуеро од зад грб, го плукнал и испратил погрдни зборови на сметка на Аргентинецот.
Агуеро потоа се сретнал со адвокатите на клубот и цела снимка ја испратил до фудбалскиот сојуз на Англија. Навивачот би можел да биде казнет бидејќи Сити и Агуеро наводно размислуваат за тужба.