Реал Мадрид синоќа запиша гостинска победа над Бетис со резултат од 5:3, но „Кралевите“ на овој натпревар станаа и првата екипа која ја помина бројката од 6000 постигнати голови во шпанското првенство.
На „Виљамарин“ гледавме одличен натпревар и неколку пресврти, па така Реал поведе преку Асенсио во 11. минута, за Бетис да дојде до 2:1 пред заминувањето на одмор. Сепак, Рамос во 50. минута му донесе изедначување на Реал Мадрид, а Асенсио во 59. постигна уште еден гол за својата екипа (3:2). Роналдо потоа постигна гол за 4:2, но Бетис не се предаде и Леон во 85. минута намали на 4:3. Сепак, Бензенма во судиското продолжение ги реши сите дилеми околу победникот со постигнување на гол за конечни 5:3.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Посебна „тежина“ носи вториот гол на Асенсио на синоќешниот натпревар, со оглед на тоа што тој беше 6000. гол на Реал Мадрид во шпанското првенство, а подоцна Роналдо и Бензема се потрудија „Кралевите“ дополнително да го подобрат својот историски голгетерски учинок.