Дома Фудбал Италија Алегри: Докажавме дека ремито со Тотенхем не е трагедија, сигурен сум дека ги елиминираме

Алегри: Докажавме дека ремито со Тотенхем не е трагедија, сигурен сум дека ги елиминираме

Јувентус во 25 коло од италијанската Серија А го совлада Торино со 1:0 и така ја продолжи трката за Скудетото со екипата на Наполи.

Градското дерби за Јуве дојде во прилично незгоден момент, по ремито со Тотенхем 2:2 во Лигата на шампионите, натпревар во кој „старата дама“ имаше предност од 2:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Денес моите фудбалери одиграа одличен натпревар и им честитам на крајот успеаа да одговорат на овој предизвик. Докажавме дека ремито со Тотенхем не е трагедија. Имаме реванш и сигурен сум дека ќе се пласираме во следната фаза“.

„Горд сум на своите фудбалери и среќен сум што ја продолжуваме борбата на сите три фронта. Во својот тим имам одлични фудбалери и среќен сум што имам прилика да ги тренирам“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …