Дома Топ вести Младиот Французин блеска – гигантите се „тепаат“ за него

Младиот Французин блеска – гигантите се „тепаат“ за него

Офанзивниот играч за врска на Лион, Набил Фекир блеска оваа сезона и го привлече вниманието на најголемите европски клубови.

Се очекува Фекир на лето да го напушти „Жерлан“, а гигантите буквално ќе се „тепаат“ за неговиот потпис.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Англиските медиуми пренесуваат дека токму Фекир е главната трансфер цел на Арсенал и дека Венгер веќе спремил понуда од 50 милиони фунти за 24-годишниот Французин.

Сепак, на „топџиите“ нема да им биде лесно да ја победат конкуренција, а и да ги задоволат апетитите на Лион кој бара 70 милиони за неговиот потпис.

Фкир оваа сезона има постигнато 16 гола и запиша 5 асистенции во Лига 1, а Арсенал сака да го комплетира трансферот пред почетокот на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…