Дома Тенис Федерер стана најстариот тенисер што ја предводел АТП-листата

Федерер стана најстариот тенисер што ја предводел АТП-листата

Роџер Федерер стана најстариот тенисер предводник на АТП-листата откако стигна до полуфиналето од отворениот турнир во Ротердам.

36-годишниот Швајцарец славеше со 2:1 против Робин Хасе од Холандија со што го престигне Рафаел Надал на АТП-листата.

Со овој подвиг Федерер го сруши рекордот на Андре Агаси, кој на првата позиција беше со 33 години и 131 ден во 2003 година.

Федерер се искачува на врвот од листата на најдобри тенисери за првпат по октомври 2012 година.

„Кога сте постари ви треба повеќе труд за да сте најдобри“, изјави Федерер по натпреварот.

Агаси беше еден од првите што му честиташе на Швајцарецот. „36 години и 195 дена и продолжува да поставува стандарди. Честитки за извонредното постигнување“, напиша Агаси на „Твитер“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Телефонот бил исклучен, поддршката ја чувствувал: Бекриќ за бронзата од Москва

Емир Бекриќ се наврати на светскиот медал од 2013 година, пораката „one love“ и емотивната…