Поранешниот напаѓач на Бразил, Валтер Касагранде ја критикуваше најголемата ѕвезда на бразилскиот фудбал во моментов – Нејмар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Повод за острите критики беше лошата игра на Нејмар против Реал Мадрид во натпревар од осминафиналето од Лигата на шампиони.
„Против Реал доби жолт картон уште на почетокот, а можеше многу лесно да заработи и втор. Само замислете тоа да го направи и на Светското првенство, тоа би било катастрофа“, изјави 54-годишниот Касагранде.
„Се зборува дека ПСЖ може да го продаде бидејќи не се согласува со Кавани. Создадовме чудовиште, а проблем е што многумина го сметаат за гениј. Тој нема квалитет како Меси, Марадона или Роналдо. Нејмар е само едно големо разгалено детиште“, додаде поранешниот бразилски репрезентативец.
Ex-Brazil striker Walter Casagrande slams ‘monster’ Neymar https://t.co/cAZe4suQ9K via @todayng pic.twitter.com/HeJ012vAej
— Nigeria Newsdesk (@NigeriaNewsdesk) February 16, 2018