Младата македонска репрезентација на Европското првенство во Полска ќе се натпреварува во Групата Б против Португалија, Шпанија и Србија.
Селекторот Благоја Милевски по жрепката изјави дека Македонија ќе биде предизвик за сите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сметам дека е многу силна група, но знаеме дека на ова натпреварување нема лоши тимови. Ние сме со Шпанија, Португалија и Србија, првите две репрезентации веќе имаат освоено Европска титула, а оваа генерација на Србија го освои Светскиот куп. Мислам дека сме во можеби најсилната група со многу добри репрезентации, но јас мислам дека ние имаме квалитет за да се надигруваме со сите. Се надевам дека ќе играме исто толку добро како и во квалификациите“, изјави Милевски.
„Сигурен сум дека во Полска ќе играме добар фудбал и ќе ја промовираме нашата земја на најдобриот можен начин. Нашата цел е да покажеме дека знаеме да играме фудбал и дека имаме квалитет и потенцијал. Убеден сум дека ќе бидеме предизвик за сите на првенството. Ќе играме добар фудбал“, дополни македонскиот селектор.