Дома Фудбал Италија Од Рома признаваат: Евтино го продадовме Салах

Од Рома признаваат: Евтино го продадовме Салах

Спортскиот директор на Рома, Мончи призна дека се кае поради начинот на кој минатото лето го пушти Мохамед Салах во Ливерпул.

Неверојатниот Египќанец игра феномалено во дресот на клубот од „Енфилд“ кој Салах го доведе за сума од 42 милиони евра што во денешниот фудбал е навистина мала сума за таков фудбалер.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Искрено, не постапивме добро при продажбата на Салах. Неговото останување во Рома не беше опција, но и покрај тоа можевме многу повеќе да заработиме. Состојбата на трансфер пазарот многу се промени после рекордните трансферите на Нејмар и Мбапе“, порача Мончи.

Рома за утеха и останува заработката од бонусите од кои ќе добие осум милиони евра, па трансферот на Салах ќе изнесува 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал го „заврши“ првиот летен трансфер за 52.000.000 евра

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, даде „зелено светло“ за активирање на клаузулата со ко…