Српскиот кошаркар Никола Јокиќ минатата вечер испиша историја во НБА лигата и го постигна најбрзиот трипл-дабл во НБА лигата.
Јокиќ го предводеше Денвер до победа над Милвоки (134:123). Србинот имаше учинок од 30 поени, 15 скокови и дури 17 асистенции.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Им благодарам на моите соиграчи. Одлично шутираа, пред се играа многу добро и на крајот го завршивме натпреварот онака како што посакувавме. Најважно е што победивме. Во голем стил влегуваме пред паузата за Ол-Стар викендот“, изјави Јокиќ по натпреварот.
Со трипл-даблот до кој стигна за само 14 минути и 33 секунди на паркетот тој го собори рекордот на Џими Такер од 17 минути од 1955 година. Тој на полувремето не ни знаел дека бил блиску до историја.
„Не незнав. Важна ми беше победата, успеавме да ги надиграме, одлични бевме во одбраната и како што кажав најважно беше да славиме“, додаде центарот на Денвер.
Nikola Jokic talks postgame after posting 30 PTS, 17 AST, 15 REB, 2 BLK in the @nuggets win!#MileHighBasketball pic.twitter.com/Ve6g3qRNSA
— NBA (@NBA) February 16, 2018