Во рамки на Лига Европа во терминот од 19:00 се одиграа седум натпревари.
Борусија Дортмунд славеше над Аталанта со 3:2 на домашен терен. Резултатот го отвори Шурле во 30. минута, и со тој резултат се замина на полувреме. Иличиќ во само 5 минути направи резултатски пресврт на стартот од второто полувреме, а „Милионерите“ изедначија преку Батчуаи во 65. минута. Во финишот, односно во 91. минута погодокот на победа на Дортмунд го постигна Батчуаи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан на гости пак, славеше над Лудогорец со 3:0. Стрелци на погодоците беа Кутроне во 45., Родригез во 64. минута и Борини во 92. минута од мечот.
Марсеј со идентичен резултат славеше над Брага. Во 4. минута резултатот го отвори Гермен, кој повторно беше стрелец и во 69. минута, а последниот погодок го постигна Таувин во 74. минута.
Ница и Локомотив Москва осиграа 2:3. Балотели во првиот дел беше на два пати стрелец за домашните, а негативата ја намали Фернандес во 45. минута. Потоа Фернандес уште два пати во вториот дел стрелаше за пресврт и победа на гостите.
Арсенал на гости кај Остерсундс славеше со 3:0. Монреал го отвори мечот во 13. минута, а автоголот на Папагинопулус го зголеми водството на „Топчиите“. Конечниот резултат на мечот го постави Озил во 58. минута.
Во последните два меча Реал Сосиедад ремизираше со Салзбург, а Атлетик Билбао со 1:3 славеше на гости кај Спартак Москва.