Дома Актуелно Стерлинг буквално го носеше Џака, па се пофали: Погледнете ја таа сила! (Фото)

Стерлинг буквално го носеше Џака, па се пофали: Погледнете ја таа сила! (Фото)

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг се пофали себе си но веројатно и заслужи.

Манчестер Сити игра одлично, титулата во Премиер лигата практично веќе е озбедена, а во Лигата на шампионите се на чекор од плсаман во ¼ финалето откако на гостински терен го совлада Базел со 0:4.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во одличните настапи на фудбалерите на Пеп Гвардиола се вклопи и Рахим Стерлинг кој можеби ја игра најдобрата сезона во кариерата. Овој 23 годишен фудбалер за врска оваа сезона постигна 15 погодоци и одлично соработува со Де Брујн, Хесус, Агуеро, Сане и Давид Силва.

Импресивен беше и на споменатиот натпревар во Швајцарија, а по натпреварот одлучи да се пофали себе си. Тој на својот Твитер профил објави фотографија од дуелот со фудбалерот на Базел, Таулант Џака кој буквално му се качи на грб. Под сликата стоеше коментар „Погледнете ја таа сила“.

И навистина, има право да се пофали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Зидан се враќа на сцената по пет години – конечно ја прифати нивната понуда

Зинедин Зидан веќе пет години е без работа откако го напушти Реал Мадрид и одби многу пону…