Дома Фудбал Англија Судир во Манчестер: Погба и Мурињо не се согласуваат!?

Судир во Манчестер: Погба и Мурињо не се согласуваат!?

Пол Погба во Манчестер Јунајтед полека го добива епитетот промашување, повеќе не може да се „вади“ со младоста или неискуството, веќе втора сезона во Јунајтед а тој е далеку од лидер на тимот.

Навивачите се разочарани, Погба има пробем и со Мурињо. Французинот е незадоволен од тоа што Мурињо го форсира во тандем со Матиќ, а поради тоа Погба има помала слобода и му се наметнуваат повеќе дефанзивни обврски.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како што пишува Данкан Кастис за кого често кажуваат дека е портпарол на Мурињо и дека добива информации директно од Португалецот. Погба смета дека тимот многу подобро функционира кога Ерера игра во средниот ред, односно кога тој добива офанзини задачи по левата страна каде што има многу повеќе прилики да биде пред противничкиот гол.

Вакво мислење има и дел од англиската јавност, но не и Мурињо.

Тој смета дека Погба поседува капацитет да игра и дефанзивни и офанзивно, а нервозен е бидејќи Французинот чето пати испаѓа во дефанзивата, но и прави целосно погрешни работи во моментите кога топката е во негов посед.

Во секој случај Мурињо нема да се откаже, нема да ја промени формацијата, одлуката е во негови раце следи ФА купот кој оваа сезона е натпреварувањето во кое „ѓаволите“ имаат најреални шанси за трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …