Дома Фудбал Уште една страница во историјата ја испиша кој друг, ако не Роналдо (ВИДЕО)

Уште една страница во историјата ја испиша кој друг, ако не Роналдо (ВИДЕО)

Фудбалерите на мадридски Реал на свој терен играат против екипата на ПСЖ во осминафиналето во ЛШ.

Португалецот, Кристијано Роналдо по погодокот постигнат од белата точка ја продолжи својата серија во ЛШ, го постигна 10. погодок оваа сезона во ова натпреварување, а стигна и до историски бројки на погодоци во дресот на мадридски Реал.

Имено, вечерашниот негов гол беше 100. погодок во ЛШ, во дресот на Кралевите, па така стана првиот играч кој во боите на еден клуб стигнал до оваа бројка.

Интересно е што Лео Меси е три чекори поназад, односно тој постигна 97 погодоци за Барселона во елитното натпреварување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара одговор од играчите по новиот удар за Македонија

Христијан Малески порача дека репрезентативците мора да ја преземат одговорноста по домашн…