Дома Фудбал Лига на шампиони ПОЛУВРЕМЕ: Бура во финишот – Рабиот погоди за ПСЖ, Роналдо изедначи од пенал (ВИДЕО)

ПОЛУВРЕМЕ: Бура во финишот – Рабиот погоди за ПСЖ, Роналдо изедначи од пенал (ВИДЕО)

Вечерва со почеток во 20:45 во Лигата на шампионите започна натпреварот кој сите го очекуваа, Реал Мадрид го пречека Пари Сен Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Светот очекуваше голови и напаѓачка игра од двата европски гиганти, а во првите 10 минути повеќе се играше на средината и едните и другите доаѓаа до голот на противникот, но без посериозни шанси.

Многу не се промени и во продолжение од натпреварот. Интересно беше што судијата Роки првиот жолт картон на натпреварот му го покажа на Бразилецот Нејмар.

Во 33 минута стигна ПСЖ стигна до предност во првата посериозна шанса и тоа преку Рабиот, неколку моменти претходно Роналдо пропушти голема прилика.

До крајот на полувремето Реал започна да се заканува, а во 43 минута беше досуден и пенал за „кралевите“ кој во гол го претвори Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…