Мадридскиот весник „АС“ денес ги шокираше фановите на Реал Мадрид и потврди дека Герет Бејл нема да се врати во тимот речиси до крајот на сезоната.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Велшанецот се здоби со повреда на лигаментите на десниот глужд, па беше опериран. Вчера Бејл ја напушуи болницата, а лошата вест за „кралевите“ е дека ќе мора да се рехабилитира најмалку четири месеци, а не како што првично објави клубот дека паузата ќе изнесува помеѓу шест и осум недели.
Доколку се остварат овие црни прогнози за Реал, тоа значи дека Бејл ќе пропушти 25 натпревари, почнувајќи од дербито со Барселона, кое на програмата е в сабота. Во Лигата на шампионите крилниот напаѓач ќе може да заигра само доколку Реал обезбеди пласман во четвртфиналето.