Кога се трофеите во прашање секако „росонерите“ се во топ 3, но според моменталната ситуација тие се далеку од врвот.
Милан во минатото имаше многу подобри денови, а за тоа говори и еден податок кој во некогаш не можеше ниту да се замисли. Имено, „росонерите“ на клупата го имаат тренерот со убедливо најмали примања помеѓу тренерите во Серија А – Џенаро Гатузо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На легендата на Милан според договорот му остана истата плата која ја добиваше водејќи ги младинските категории. Што значи дека Гатузо добива 120.000 евра годишно, односно 10.000 месечно. Секако, за наши услови тоа се незамисливи бројко, но сигурно дека од седумкратниот шампион на Европа очекуваме повеќе.
Впрочем, Фабио Пекио кој е втор на листата најмалку платени тренери во Серија А заработува повеќе од двојно повеќе – 250.000 евра годишно во Верона.
На врвот се наоѓа Масимилијано Алегри со седум милиони евра годишно, зад него е Спалети со четири, а поранешниот тренер на Милан Монтела беше тука во врвот со три милиони евра по сезона, секако се додека не доби отказ.