Напаѓачот на фудбалскиот шампион, Паоло Диабала не се најде на списокот на играчи кои ќе конкурираат за денешниот натпревар против Тотенхем во Лигата на Шампионите.
Аргентинецот веќе неколку недели има проблеми со повредите, а италијанските медиуми претходните денови пишуваа дека првата ѕвезда на Јувентус би можела да се најде во тимот. Меѓутоа, тренерот на „црно-белите“, Масимилиано Алегри изјави дека нема да превземе ништо драстично кога станува збор за закрепнувањето на Диабала, со што не го стави во списокот на играчи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Исто така, како што пренесува „Football Italia“, повредени се и Хуан Квадрадо, Бендикт Хаудес, Андреа Барзаљи и Блез Матуиди. Натпреварот помеѓу Јувентус и Тотенхем се игра денеска од 20:45 часот во Торино.