Дома Фудбал Италија Стигна потврда од Пекинг: Интер НЕМА пари за засилувања!

Стигна потврда од Пекинг: Интер НЕМА пари за засилувања!

Она што се најавуваше сега е и потврдено, повеќе нема надеж за „арапско сценарио“.

Владата во Пекинг ќе ја продолжи забраната за инвестирање за забава, а тука спаѓа и фудбалот. Поради ова навивачите на Интер немаат причина да се надеваат на поголеми вложувања во наредното лето.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Значи, клубот ќе мора повторно да продава доколку сака да доведува нови играчи. Јасно е, веднаш се пишува за продажба на Икарди и Шкриниар, фудбалери кои можат добро да ја наполнат касата.

Но, со продажбата на капитенот и откритието на сезоната во Серија А практично значи дека „неротаѕурите“ започнуваат од почеток. Тука е Брозовиќ кој е незадоволен, а овие три трансфери би донеле околу 200 милиони евра.

Евентуалниот пласман во Лигата на шампионите би донел нови средства, но не и сума со која може да го променат тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…