Манчестер Јунајтед и Саутемптон им се приклучија на Хал и Ливерпул во полуфиналето на англискиот Лига куп, откако ги елиминираа Вест Хем односно Арсенал.
Манчестер Јунајтед лесно се справи со Вест Хем, против кого во саботата, одигра 1:1 во првенството. Серијата на голови на „Олд Трафорд“ ја отвори и ја затвори Ибрахимовиќ. По првиот гол на Швеѓанецот израмни Флечер. Потоа во второто полувреме два гола постигна Марсијал,а Ибрахимовиќ ја затвори серијата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Двоен асистент за Јунајтед беше Михтаријан, а по подолго време во тимот се појави и Швајнштајгер кој влезе во игра во второто полувреме.
Арсен Венгер на домашен терен, на Саутемптон му се спротивстави со комбиниран тим и тоа го чинеше елиминација од Лига купот. Саутемптон до победата стигна уште во првиот дел со головите на Класи и Бертранд.