Дома Фудбал Италија Само Мбапе е пред Патрик Кутроне!

Само Мбапе е пред Патрик Кутроне!

Големото откритие на Милан оваа сезона, Патрик Кутроне не престанува да воодушевува со своите настапи.

Младиот напаѓач е прв стрелец на „росонерите“ оваа сезона и ја оправдува довербата од Џенаро Гатузо.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кутроне постигна два гола на гостувањето кај СПАЛ и со тоа стана вториот најдобар фудбалер до 20 години во Европа.

Единствено Килијан Мбапе е со подобри показатели од напаѓачите во Топ 5 европските првенства. Францускиот репрезентативец оваа сезона со сега има постигнато 15 гола во сите натпреварувања, а Кутроне има точно 12 погодоци.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе спремил нов договор за 19-годишниот напаѓач со значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Таткото на Ендрик ја отвори душата, неговата исповед тера на солзи: „Синот ми само рече дека…“

Ендрик Фелипе Мореира де Соуза денес е едно од најзвучните имиња во светскиот фудбал и гол…