Дома Топ вести Нема нов договор: На Барса би можел да и се повтори случајот „Нејмар“, овој пат со дефанзивец?!

Нема нов договор: На Барса би можел да и се повтори случајот „Нејмар“, овој пат со дефанзивец?!

Како што сега стојат работите, Барселона можеби ќе биде приморана да направи промени во тимот.

Каталонците барем засега не успеаа да постигнат договор со Умтити за продолжување на соработката. Проблем е откупната клазула од 60 милиони евра која се спремни да ја платат неколку клубови од Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според информациите на шпанските медиуми Камерунецот кој игра за Франција има примамлива понуда од Челси.

Наводно „сините“ на Умтити му нудат плата од девет милиони евра по сезона што е три пати повеќе од она што го добива во Барселона.

Барселона сака да му го обнови договорот, но поради големите суми за Меси, Суарез и веројатно Гризман кој се очекува да пристигне на лето не би можеле значително да му ги зголемат примањата на одличниот дефанзивец.

Поради тоа доколку некој клуб се одлучи да ја плати клазулата, Барселона нема да се прашува ништо, како што беше случај со Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…