Дома Фудбал Англија Покетино без многу дилеми, Венгер во 5 до 12 со голем дефицит на теренот (СОСТАВИ)

Покетино без многу дилеми, Венгер во 5 до 12 со голем дефицит на теренот (СОСТАВИ)

Фудбалерите на Тотенхем и Арсенал од 13:30 го играат големото дерби во рамки на 27. коло во Премиер лигата.

Маурисио Покетино традиционално не измислува многу кога е во прашање дерби, го изведе најсилниот состав кој играше против Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Арсен Венгер пак, се најде во голем проблем, бидејќи на денот на мечот остана без полесно повредениот Арон Ремзи, па неговото место ќе го заземе Џек Вилшер, остатокот од тимот е ист како во изминатото коло против Евертон.

Новите засиилувања, Пјер Емерик Обамејанг и Михтаријан ќе го предводат нападот со помош на Месут Озил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Венеција остана без тренер: Ѓовани Стропа доби отказ

Венеција се наоѓа на дното на табелата во Серија А, што доведе до отказ за тренерот Ѓовани…