Дома Фудбал Англија Венгер: На Островот владее „мајстурлук“ по симулирање, Арсенал тоа нема да го прави!

Венгер: На Островот владее „мајстурлук“ по симулирање, Арсенал тоа нема да го прави!

Францускиот стратег, Арсен Венгер непосредно пред дербито со својот градски ривал Тотенхем потенцира дека на Островот фудбалерите се повеќе се учат да симулираат, па дури и го злоупотребуваат тоа.

Имено, Венгер алудираше на Хари Кејн и Деле Али кои во последно време ги применуваат често горенаведените „вештини“ и тоа го прават често во шеснаесетникот со цел да изнудат пенал во корист на Спарси.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Странските фудбалери порано често се занимаваа со тоа, но во последно време англиските фудбаери станаа „мајстори“ за симулирање, со цел да се изнуди најстрога казна. Ако Покетино тоа им го дозволува, јас не го почитувам тоа, па моите играчи секогаш ќе играат чесно“, истакна Венгер.

Исто така Французинот потенцира дека Оспина би можел да се најде помеѓу стативите, доколку лекарскиот тим не потврди дека Чех е подготвен.

„Сите вклучувајќи го и Дани Велбек се на располагање, додека само Чех има проблеми, па дури утре ќе знаеме дали ќе може да настапи“, заклучи францускиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…