Велшанецот кој долги години настпауваше во Премиер лигата, а се прослави во Ливерпул смета дека само прашање на време е кога Давид Де Геа ќе премине во Реал Мадрид.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот и европскиот шампион долго време се поврзува со доведување на Де Геа. Во 2015 година беа најблиску и тоа во последниот ден од преодниот рок. Тогаш трансферот пропадна бидејќи дел од документацијата на пристигна на време.
Белами смета дека Де Геа не ќе може да одолее на интересот од Реал наредното лето.
„Тој е вистинскиот избор и секогаш сум чуствувал дека токму него Реал го гледа на својот гол во наредните години. Сигурен сум дека само прашање на време е кога тоа ќе се случи“.
„Реал во последните години не трошеше многу. Де Геа ќе биде дел од нивната реконструкција, би бил навистина шокиран доколку овој трансфер не се реализира“, изјави Белами.
