Дома Фудбал Англија Голманот на Челзи признава: Моето срце остана во Мадрид

Голманот на Челзи признава: Моето срце остана во Мадрид

Во интервју за белгискиот магазин, Спорт, Тибо Куртооа потврди дека е во преговори со Челзи за продолжување на соработката, но зборуваше и за љубовта кон Мадрид, градот во кој растат неговите деца.

„Ситуацијата е таква што сум врзан за Мадрид. Двете деца и сопругата ми се таму. Со ќерката се слушам секојдневно, не ми е лесно што постојано вели дека и недостасувам. Секогаш кога ми се нуди можност се враќам во Мадрид. Моето срце е таму“, истакна Куртоа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се осврна и на редовните медиумски шпекулации дека го посакува Реал.

„Ако е така ќе мораат да го контактираат Челзи. Ќе видиме. Сигурно е дека ќе се вратам во Мадрид кога тогаш. Го сакам тој град, ја сакам Шпанија, минав неколку одлични години таму додека бев во Атлетико, таму созреав како личност“, додаде Белгиецот, а потоа се надоврза на времето минато на „Калдерон“.

„Атетико беше како семејство. Фантастична група, големо другарство, се сеќавам кога ме учеа шпански бидејќи не знаев да бекнам кога пристигнав. Плачев кога заминав, ми беше исклучително тешко кога пристигнав во Лондон. Луѓето тука се поинакви, доста поладни. Во меѓувреме се навикнав на таквите околности“, додаде Тибо.

Договорот со Челзи му истекува 2019. година, но преговорите за продолжување на соработката веќе почнаа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…