Дома Фудбал Англија Трансфер БОМБА: Евра прави кам бек во Премиер лигата и тоа веднаш!

Трансфер БОМБА: Евра прави кам бек во Премиер лигата и тоа веднаш!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра се враќа во Премиер лигата.

Откако есента Олимпик Марсеј го раскина договорот со него, бидејќи нападна еден навивач. Евра до денес е без клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Англиските медиуми потврдија, Евра постигнал договор со Вест Хем и како слободен играч ќе потпише договор со „Чеканите“.

Дејвид Мојес, кој соработуваше со Евра во неговата последна сезона на „Олд Трафорд“, го повика на помош Французинот во битката за опстанок.

Покрај тоа, Масуаку одработува голема суспензија од шест месеци, така што Мојес има главоболки на левиот бок.

Инаку, на социјалните мрежи веќе се појавија шеги од типот дека Евра морал да го избере Вест Хем поради фактот дека трибините се далеку од теренот, па ќе му биде потешко да ги „тепа“ навивачите.

Инаку, кога Евра првпат стигна во Јунајтед дојде од Монако, а подоцна играше за Јувентус и Олимпик Марсеј.

Сега ќе потпише договор со Вест Хем до крајот на тековната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…