Актуелниот бранител на титулата во Лигата на шампионите, Ѓер одигра доминантно и со 32-23 ја победи екипата на Никобинг. Но, на крајот од мечот доби лоши вести, бидејќи најдобрата ракометарка во ростерот, Нора Морк се повреди и ќе биде надвор од терените подолг период.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Деталните медицински прегледи кои се направени утринава покажале дека Морк ги скинала вкрстените лигаменти на коленото, поради што ќе мора да паузира најмалку 7-8 месеци.