Дома Топ вести „Црвените ѓаволи“ ја сакаат ѕвездата на Вест Хем!

„Црвените ѓаволи“ ја сакаат ѕвездата на Вест Хем!

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно зинтересиран за ѕвездата на Вест Хем, Дмитри Паје и сака да го донесе на „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок.

29-годишниот француски репрезентативец оваа сезона не игра на посакуваното ниво во дресот на „чеканите“, откако блесна на ЕП, но и самиот истакна дека сака да ја промени средината.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи” се подготвени да платат 40 милиони евра за неговиот потпис, и му нудат многу поголема плата од онаа која ја заработува во Вест Хем.

Проблем пред Јунајтед е што „чеканите“ не сакаат и да слушаат за разделба со Паје во зимскиот преоден рок, особено поради фактот што оваа сезона имаат лоши резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ го продава Скиниар

Раководството на ПСЖ се обидува да го продаде Милан Скриниар, иако го доведе пред само едн…