Дома Македонски спорт Мак баскет И вторпат шампионот МЗТ Скопје понижен од Блакотехна

И вторпат шампионот МЗТ Скопје понижен од Блакотехна

Блакотехна во рамки на 15. коло во првата македонска лига славеше над актуелниот шампион, МЗТ Скопје со 96:88.

Првата четвртина ја доби МЗТ, но Блакотехна се врати, па на полувреме замина со предност од 43:41.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме, МЗТ дојде до позитива од 7 поени, но сепак во финишот на третиот дел по серија поени, домашниот состав дојде до израмнувачки 65:65.

До крајот Блакотехна се наметна, па успеа на крајот и по вторпат да слави над МЗТ Скопје оваа сезона.

Кај домашниот состав најефикасен беше Двејн со постигнати 22 поени, додека во спротивниот табор се издвои Крафорд со постигнати 27 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …