Дома Фудбал Англија Хенес: Швајни треба да шета со Ана, да игра голф и да го исцеди Манчестер Јунајтед!

Хенес: Швајни треба да шета со Ана, да игра голф и да го исцеди Манчестер Јунајтед!

Ули Хенес уште еднаш даде замерка на односот на Манчестер јунајтед кон поранешниот играч на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер и му даде прекрасен совет на фудбалерот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Швајнштајгер пристигна како големо засилување за Манчестер Јунајтед, но наскоро неговиот престој на „Олд Трафорд“ се претвори во кошмар. Поранешниот капитен на германската фудбалска репрезентација оваа сезона не одигра ниту една минута, а Мурињо дополнително го казни и го префрли да тренира со младинскиот состав.

Швајнштајгер има договор со Јунајтед до 2018 година, а „црвените ѓаволи“ сакаат предвреме да ја прекинат соработиката бидејќи Германецот е еден од најплатените фудбалери во тимот.

Сепак, Ули Хенес го советува Швајни дека треба до последен цен да му наплати на англискиот клуб, а во меѓувреме да ужива и да се шета со неговата сопруга Ана Ивановиќ.

„Јас да сум на негово место, ќе ги натерав луѓето во Манчестер да ми исплатат сѐ до последниот цент. Ќе играв голф и ќе ја следев Ана Ивановиќ по тениските мечеви“, вели Хенес.

„Треба да го казнат Јунајтед, да го натераат да плати за сѐ. Го заслужија тоа. Швајни е среќен човек бидејќи има таква прекрасна сопруга и треба да ги постави животните приоритети на друг начин“, заклучи Хенес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анри се плаши да проговори – дали судиите го штитат Сити во борбата за титулата?

Легендарниот Тјери Анри како аналитичар секогаш ја кажува својата мисла, но овој пат реши …