Дома Фудбал Италија Берлускони за ситуацијата во Милан: Јас зборувам, но никој мене не ме слуша

Берлускони за ситуацијата во Милан: Јас зборувам, но никој мене не ме слуша

berluconi

Силвио Берлускони, поранешниот претседател на Милан го прокоментира натпреварот од полуфиналето во купот против Лацио (0:0).

Популарниот Италијанец смета дека неговиот поранешен клуб мора да игра со двајца напаѓачи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Милан 30 години играше во формација со два напаѓачи и таа формација нас ни носеше титули. Мислам дека играта со еден напаѓач како против Лацио кога во тој случај беше Калиниќ не ни одговара и е недостаок за Милан. Ова не го кажувам прв пат, но мене никој не ме слуша“.

„Боновентура е добар играл, а Сусо може да биде одличен втор напаѓач. Тешко е за напаѓачот кога игра против двајца штопери. Гледав натпревари во кои Милан едвај да успеа да шутне на голот“, изјави Берлускони.

Освен за формацијата и начинот на кој според него треба да игра Милан, Берлускони зборуваше и за актуелното раководство на клубот.

„Фудбалскиот тим мора да биде како семејство, а претседателот мора да биде татко на тоа семејство. Би им препорачал да го следат мојот пример. Јас пред секој натпревар се трудев да дојдам во соблекувалната и да ги охрабрам фудбалерите. Им кажувал колку голови мораат да постигнат и тоа ги мотивираше“, зборуваше Берлускони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…