Дома Топ вести ФОТО: Обамејанг, Жиру и останатите – Ова е најдобрата постава од последниот ден на трансфер периодот

ФОТО: Обамејанг, Жиру и останатите – Ова е најдобрата постава од последниот ден на трансфер периодот

Како и секој пат кога транфер периодот се наближува кон крајот, како и вчерашниот последен ден од зимскиот трансфер период донесе многу возводувања. Од минута во минута пристигнуваа вести за потенцијални трансфери од кои некој се реализираа, а некој и не.

„Transfermarkt“ забележи вкупно 606 официјално објавени трансфери, а нивната вкупна вредност беше нешто помала од 250 милиони евра. Четвртина од тој износ однесе трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг од Борусија во Арсенал, кој чинеше 63.75 милиони евра, но освен тоа имаше и уште многу интересни трансфери. Ние се потрдудивме од сите трансфери кои вчера се реализираа да составиме идеален тим.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Најдобрите 11 се најсилни во нападот. Со Обамејанг во врвот се наоа Оливие Жиру кој се пресели од Арсенал во Челзи за 17 милиони евра. Во поставата има и две крила, а на тие позиции се Лукас Моура (ПСЖ – Тотенхем, 28.4 милиони) и Андре Ају (Вест Хем – Свонси, 22.8 милиони).

Двојката во центарот ја окупираа Ндије (Галатасарај – Сток, 16 милиони) и Рафик Гуитан (Ле Хавр-Рен 10 милиони). Зад нив се, од десно на лево, Пол Лирола (Јувентус – Сасуоло, 7 милиони), Хектор Морено (Рома – Реал Сосиедад, 6 милиони), Себастиан Лангкамп (Херта – Вердер, 2.5 милиони) и Лумор (Портимоненсе – Спортинг, 2.5 милиони). На голот е 19-годишниот Далберг, кој за 3.9 милиони се пресели од Гетеборг во Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …