Челси во 25. коло од англиската Премиер лига доживеа незгоден пораз на домашен терен од Борнмут со 0:3, а по натпреварот зборуваше шефот на Сините, Антонио Конте, кој рече дека сите во клубот мора да се соочат со реалноста.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Мора да бидеме загрижени околу тоа дали ќе завршиме меѓу првите четири и се пласираме во ЛШ. Тоа нема да биде лесно, мора да се бориме. Јас сум спремен за тоа, а верувам дека и играчите се свесни дека не чека борба.“ – изјави Конте и продолжи да зборува за односот на играчите во досегашниот дел од сезоната:
„Имаат одличен однос и одлично се однесуваат до сега. Да не беше така, нашата позиција би била уште полоша. Доколку сакаме да лажеме, можам да кажам дека ќе се бориме за титулата. Сепак, важно е да ја погледнеме реалноста , а тоа значи дека пласманот во ЛШ ќе биде голем успех за нас.“
На крајот беше запрашан дали се плаши за неговата позиција во клубот, на што тој одговори:
„Се обидувам да го подигнам квалитетот на максимално ниво. Ако некој не е согласен со тоа, знае дека може да ме најде. Опуштен сум, знам дека одлично ја работам работата, а исто и мојот стручен штаб и играчите.“