Дома Фудбал Англија Дортмунд се прости од Обамејанг: Беше успешен, ако ги исклучиме последните недели!

Дортмунд се прости од Обамејанг: Беше успешен, ако ги исклучиме последните недели!

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк ја коментираше разделбата со Обамејанг, кој се пресели во редовите на Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Цорк престојот на Обамејанг го окарактеризира како успешен, но само доколку не се сметаат последните недели.

„Ако ги оставиме на страна непријатните случувања од последните недели, престојот на Обамејанг може да го запаметиме како доста успешен. За овие четири и пол години тој направи неверојатни нешта за Борусија. Постигна многу голови и беше дел од тимот кој го освои Купот во 2017 година. Му посакуваме се најубаво во Арсенал“, изјави Цорк.

„Непријатните случувања“ за кои зборува директорот се скандалите кои ги правеше Обамејанг, па на два пати беше суспендиран поради нарушување на дисциплината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спектакл во Лос Анџелес: Најдобриот меч на Светското првенство, Нов Зеланд во трилер освои бод против Иран (Видео)

Лудница во Лос Анџелес! Малкумина очекуваа дека дуелот помеѓу Иран и Нов Зеланд ќе донесе …