Дома Фудбал Англија Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата го продолжи договорот со клубот на уште една година.

Актуелниот договор на шпанскиот фудбалер истекува на крајот од оваа сезона, но сепак на крајот е пронајден договор меѓу двете страни и Мата ќе остане барем уште една година на Олд Трафорд.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Многу сум среќен и горд што сум дел од овој клуб. Мислам дека сите кои припаѓаат на Манчестер Јунајтед треба да се чуствуваат привилегирани. Среќен сум за односот со сите работи во клубот, а нормално и со тренерот и соиграчите.“ – изјави Мата.

Да потсетиме, Мата во Јунајтед пристигна во 2014. година за 45 милиони евра од Челси, а во текот на оваа сезона одигра 19 натпревари и постигна три погодоци со исто толку асистенции.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Саудијците сакале да купат уште еден европски гигант

Саудискиот инвестицски фонд од Саудиска Арабија се обидел да го купи Атлетико Мадрид, но к…