Дома Фудбал Ето не застанува, потпиша за 12. клуб во кариерата

Ето не застанува, потпиша за 12. клуб во кариерата

Некогаш еден од најдобрите напаѓачи на светот го раскина договорот со Анталиаспор, меѓутоа одлучи да остане во Турција и потпиша договор за Кониаспор, 12. клуб во својата досегашна професионална кариера.

Ето ќе заработува високи 2.500.000 евра по сезона, а со клубот потпиша двегодишен договор, со опција истиот да биде продолжен.

За кариерата на овој 37. годишен напаѓач не треба да трошиме зборови. Пред да дојде во Турција имаше прилика да игра за најголемите светски клубови како Барселона, Реал, Челси, Интер…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лазаревски со гол и асистенција во шестката на Престон, Стојановиќ го запре Штурм

Даниел Лазаревски и Јонас Марковски се запишаа меѓу стрелците за Престон, а Дејан Стојанов…