Офанзивниот играч на Пари Сент Жермен, Хатим Бен Арфа за француските медиуми изјави дека се чувствува ужасно од третманот кој го добива во својот клуб.
30-годишниот повремен француски репрезентативец пристигна во ПСЖ во 2016 година и одигра 23 меча во својата прва сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, со доаѓањето на Дрекслер, Нејмар и Мбапе за него повеќе нема место во тимот и тврди дека ПСЖ го третира како да не постои.
„Тоа низ што поминувам во ПСЖ е многу чудно. Имам чувство дека за клубот едноставно не постојам. Меѓутоа, треба да се научам да живеам со тоа. Сепак, да се научам да „не постојам“ отако сум постигнал толку многу е навистина тешко“, изјави Бен Арфа.